РакометРакомет - Суперлига
Бутел се раздели со Димовски и Сулима

Суперлигашот Бутел Скопје се раздели со двајца ракометари во пресрет на пролетниот дел од сезоната. Станува збор за десните бекови Сергеј Сулима и Ратко Димовски.
Искусниот Димовски реши да ја заврши долгата кариера, додека со украинскиот интернационалец спогодбено е раскинат договорот што траеше до крајот на сезоната.
Од клубот информираат дека во следните денови ќе бидат објавени новите засилувања пред стартот на подготовктие за плеј-офот.
Во плеј-оф завршницата покрај Бутел ќе играат и Охрид, Струга, Металург, Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер 2, како и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Еден Коментар