РакометРакомет - Суперлига
Бутел го декласираше Младост од Богданци

Екипата на Бутел со победа се врати од гостувањето во Богданци, каде без многу мака славеше убедливо против Младост со 18:32. Гостите од самиот старт поведоа и го наметнаа своето темпо, но, домаќинот во првиот дел не дозволуваа преголема предност. Во вториот дел гостите со фантастична игра го декласираа Младост и запишаа нова сезонска победа во групата Б од Суперлигата.
Сергеи Сулима со осум гола беше најдобар кај Бутел, додека еден помалку имаше Марко Божиновски. Кај домаќините најдобар беше Никола Роглев со пет постигнати погодоци.