РакометРакомет - Суперлига
Бутел ги започна подготовките за плеј-офот, договорени пријателски натпревари

Екипата на Бутел Скопје ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во која ќе се бори на два фронта – Купот на Македонија и суперлигашкиот плеј-оф.
Тренерот Кристијан Грчевски во продолжение од сезоната нема да смета на искусните Ратко Димовски и Сергеј Сулима, а нови ракометари се десниот бек Душан Трифковиќ и пикерот Владимир Јевтиќ. Нов кондиционен тренер е Кристијан Кајчевски, кој ќе работи со ракометарите во неговиот „Центар за спортски перформанс“.
Подготовките во најголем дел ќе се реализираат во Скопје, а дел ќе бидат одработени и во Србија. Договорени се пријателски натпревари со Партизан, Војводина, а ќе бидат одиграни пријателски средби и во Македонија пред стартот на разигрувањето за титулата.