Европски ФудбалФудбал

Бундеслигата на каналите на СК, првиот пренос од „Борусија парк“

Бундеслигата го објави распоредот за сезоната 2021/22 кои ќе можете да ги гледате исклучиво во преносите во живо на „Спорт Клуб“ каналите.

Првиот натпревар во новата сезона од Бундеслигата ќе биде на „Борусија Парк“, каде Борусија Менхенгладбах ќе се сретне со актуелниот шампион Баерн Минхен на 13 август. Натпреварот се игра во 20:30 часот во петок навечер.

Во истата рунда ќе се сретнат Дортмунд и Ајтрахт, Волфсбург и Бохум, Унион Берлин и Леверкузен, Штутгарт и Гројтер Фирт, Мајнц и Лајпциг, Аугсбург и Хофенхајм, Арминија и Фрајбург, односно Келн и Херта.

Неколку дена подоцна ќе следи Суперкупот на Германија, во кој ќе се сретнат Борусија Дортмунд и Баерн. Двата тима ќе се сретнат во рамките на 14. коло од Бундеслигата, кое е закажано за почетокот на декември.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!