ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Бујар Ислами повеќе не е тренер на второлигашот Беса

Второлигашот Беса од Добри Дол во пролетниот дел од Втората фудбалска лига – Запад ќе има нов тренер, откако клубот и досегашниот тренер Бујар Ислами не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

„Ве известуваме дека по многу преговори клубот не успеа да постигне договор со тренерот Бујар Ислами за продолжување на соработката околу генералната организација на клубот во пролетната сезона. Клубот му се заблагодарува за покажаната професионалност и неуморната работа во овој период и му посакува натамошен успех во кариерата“, велат од клубот.

Исто така, тренерот Бујар Ислами му се заблагодарува на клубот за соработката, на навивачите за максималната поддршка, на фудбалерите за сработеното, а на клубот му посака успех во иднина.

За Беса ова ќе биде трет тренер во продолжението од сезоната, откако клубот во првите шест кола го водеше Менсур Јакупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!