ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Бујар Ислами нов тренер на Беса од Добри Дол

Екипата на Беса од Добри Дол денес го назначи 42-годишниот Бујар Ислами за нов тренер.

Тетовчанецот кој работеше и во Ренова во Беса доаѓа на местото на Менсур Јакупи кој пред неколку дена си поднесе оставка.

Инаку, новајлијата во Втората лига – Запад по шест кола се наоѓа на шестата позиција на табелата со седум освоено бодови. Своето деби Ислами на клупата на Беса ќе го има на дуелот против Велешта на гостински терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!