ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Бугаринот Христов и Тиквеш ја продолжија соработката и за следната сезона

Бугарскиот играч за врска Николај Христов и во следната сезона ќе го носи дресот на прволигашот Тиквеш. Кавадарчани преку бараж натпреварот со Воска Спорт (4:1) го обезбедија опстанокот во Прва лига и започнаа со реконструкција на тимот.

Христов кој во јануари го засили Тиквеш ја продолжи соработката со кавадаречкиот прволигаш и за следната сезона со што стави потпис на нов едногодишен договор.

32-годишниот бугарски интернационалец во македонскиот шампионат има настапивано и за Брегалница од Штип, како и за битолски Пелистер. Во својата кариера ги носеше дресови и на бугарска Беласица, Ботев Враца, Локомотив ГО, Литекс Ловеч, ЦСКА Софија 1948, Спартка Плевен и Левски Лом.

Како што дознава Спортска Мрежа, тренерот Влатко Костов доби одврзани раце за формирање на тимот за новата сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!