Европски ФудбалФудбал

Буфон: Со доаѓањето на Роналдо ја загубивме ДНК-та на тимот

Поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон (43), кој помина 21 сезона во клубот од Торино, изјави дека Јуве ја загуби ДНК на тимот со доаѓањето на Роналдо во 2018 година.

„Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампионите првата сезона кога дојде Роналдо, но тоа не се случи, а јас не можев да заклучам што се случи. Тоа беше сезоната што ја минав во ПСЖ“, изјави Буфон за американската ТВ мрежа ТУДН.

Буфон се врати во Јувентус по една сезона во ПСЖ:

„Кога се вратив во Јуве работев со Роналдо две години и добро се согласувавме. Но, мислам дека клубот ја загуби ДНК на тимот. Во 2017 година игравме во финалето на Лигата на шампионите и бевме тим полн со искуство, но уште поважно ние делувавме како група. Во групата владееше натпреварувачки дух, а со доаѓањето на Роналдо го загубивме тоа“.

Буфон со Јувентус освои десет титули на Италија, но никогаш не ја освои Лигата на шампионите.

Летово се врати во второлигашот Парма каде ја започна својата голманска кариера.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!