Европски ФудбалФудбал

Буфон се враќа во поранешниот клуб за да му помогне да се врати во Серија А ?

Џанлујџи Буфон го напушта Јувентус и се уште нема објавено дали ќе ја продолжи кариерата, но покана од поранешниот клуб може да му помогне во таа одлука.

Парма оваа сезона испадна од Серија А, а според италијанските медиуми, легендарниот голман сака да му помогне на својот поранешен клуб околу враќањето во италијанската фудбалска елита.

Во едно неодамнешното интервју, 43-годишниот голман рече дека во Италија ќе игра само за Јувентус и Парма, па ова се чини многу реално ако сепак не реши да ја заврши кариерата.

Буфон ја започна својата кариера во Парма, а од 1995 до 2001 година бранеше за првиот тим, а во 1999 година го освои Купот на Италија и Суперкупот, како и Купот на УЕФА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!