Бруно Акраповиќ повеќе не е тренер на Шкендија

Актуелниот шампион Шкендија се раздели со тренерот Бурно Акраповиќ кој доби отказ по незадоволителните резултати во Првата фудбалска лига.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Соработката е раскината по меѓусебен договор, а разделбата доаѓа по вчерашното реми на Шкендија против Борец (0:0) во Велес.
Акраповиќ по втор пат седеше на клупата на Шкендија, а го замени Ернест Ѓока. Во својата кариера Акраповиќ ги водеше Вал, Солин, Мосор Зрновица, Колеџ Европа, Локомотива Пловдив, Сплит и минатата сезона ЦСКА Софија.
„Шкендија соопштува дека тренерот Акрапови повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на црвено-црните бидејќи соработката е раскината со меѓусебен договор. Клубот и тренерот Акраповиќ сметаат дека прекинот на соработката во овој момент е во интерес на двете страни. Во оваа прилика Шкендија му се заблагодарува на тренерот Акраповиќ за придонесот во периодот додека го водеше црвено-црниот тим и му посакуваме здравје и многу успеси во тренерската кариера“, се вели во соопштението на тетовскиот прволигаш.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“