Европски ФудбалФудбал

Брозовиќ и Интер постигнаа договор

Претставниците на хрватскиот репрезентативен играч од средниот ред Марцело Брозовиќ и директорите на Интер во средата се сретнале во врска со продолжувањето на договорот и го оцениле како позитивно, објавија италијанските медиуми.

Тоа беше средба на која не се разговараше за детали, но двете страни го кажаа својот став, а заклучокот е дека Интер сака да го задржи Брозовиќ, а хрватскиот играч за врска е склон да остане во „нероаѕурите“.

Брозовиќ во Интер е од јануари 2015 година кога пристигна од Динамо Загреб, а договорот му истекува на крајот на оваа сезона. Тоа значи дека од јануари би можел да преговара со други клубови.

Има многу заинтересирани, вклучувајќи ги Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!