Европски ФудбалФудбал

Брентфорд преку Свонси за првпат во историјата ќе игра во Премиер лигата!

Фудбалерите на Брентфорд со триумф над Свонси од 2:0 во финалето од плеј-офот за првпат обезбедија место во Премиер лигата. Дербито на „Вембли“ беше одлучено уште во првиот дел со погодокот на Тони од пенал во 10. минута, а само десетина минути подоцна Маркондес погоди во десниот агол од голот.

Брентфорд покрај местото во Премиер лигата е побогат и за 185.000.000.

Норвич и Вотфорд се пласираа во Премиер лигата по регуларниот дел од сезоната во Чемпионшип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!