ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница во среда на тест со Плачковица

Брегалница во среда ќе одигра контролен натпревар со Плачковица од Радовиш на Градскиот стадион во Дојран.

Штипските „сини“ претходно ремизираа со Кит Го играјќи 1:1, со 1:2 беа подобри од Осогово, минимален пораз од Раднички со 0:1 и реми со по еден погодок со прволигашот Брегалница.

Радовишани на првата контролка загубија со 3:0 од Беласица, потоа со 4:2 запишаа нов пораз од Тиквеш, додека на третиот контролен натпревар со 5:0 беа декласирани од „пандевци“.

Натпреварот кој ќе започне во 13:00 часот ќе може да се следи и во ЖИВО на Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!