Брегалница убедлива против новиот шампион Шкупи, Шкенднија го доби Работнички

Денес, на Градскиот стадион во Штип, Брегалница одигра доминантен меч против новиот шампион Шкупи, кој го доби со убедливи 4:1 за голема радост на домашните навивачи.
Резултатот на полувреме во Штип беше 1:1, а го отвори Милан Џокиќ за водство на штипските „сини“. Најдобриот стрелец во ПМФЛ- Адетуњи Сандеј Дамиларе, пак, погоди за 1:1. Во вториот дел Џокиќ со гол од пенал ја донесе Брегалница во ново водство (2:1). Шкупи доби пенал, а капитенот Алварез Родригуез Фреди Антонио не успеа да го реализира откако Давид Денковски успеа да го прочита ударот и истиот да го одбрани. Со силна поддршка од домашните навивачи Брегалница преку Мартин Стојанов дојде до сигурни 3:1. Во финишот од мечот Марјан Алтипармаковски погоди за конечни 4:1.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Шкендија на домашен терен со минимални 1:0 го доби Работнички на домашен терен. Љупчо Дориев беше стрелец на единствениот погодок вреден три бода.
30. коло од ПМФЛ ќе биде комплетирано утре.