ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница со победа над Кожуф се враќа во ПРВА ЛИГА, Тиквеш сигурен над Кит Го

Брегалница со триумф од 3:0 над Кожуф во дербито одиграно на Градскиот стадион во Штип се враќа во Првата македонска фудбалска лига. Резултатот беше отворен во судиското надополнување на првото полувреме откако Бакрачески ја погиди противничката мрежа за 1:0 на полувреме. Во 58. минута Дујовски донесе двојна предност за штипјани. Во 81. минута Јован Манев ги постави конечните 3:0.

Тиквеш на домашен терен беше сигурен со Кит Го откако на Градскиот стадион во Кавадарци славеше со 3:1. Домашната екипа стигна прва до водство со голот на Петар Љамчевски постигнат во 23. минута. Во вториот дел Тиквеш дојде до двојна предност откако Кристијан Костовски погоди за 2:0. Седум минути подоцна Дарко Алексовски намали на 2:1. Во 71. минута Филип Костовски ги постави конечните 3:1.

Плачковица конечно победи откако во Македонска Каменица со 1:2 славеше над Каменица Саса. Уште во 5. минута Дамјан Николовски донесе водство за радовишани, но радоста траеше само четири откако Андреј Ричков израмни на 1:1. Во 83. минута Александар Трајчевски ги постави конечните 1:2.

Слога можеби го одигра најдобриот натпревар во сезоната откако на домашен терен со убедливи 4:1 славеше над Осогово. Гостите од Кочани со гол на Драган Паунов први дојдоа до водство од 0:1. Во 28. минута Урошевиќ покажа на белата точка за домаќините, а Иван Митров успешно реализираше за 1:1. Во 39. минута Стојче Стојов донесе водство за Слога од 2:1. Во 71. минута Хасан си постигна автогол со што домашните водеа со 3:1. Шест минути подоцна Стојов со втор гол ги постави конечните 4:1.

Прилепска Победа очекувано стигна до триумф на домашен терен откако со 3:1 славеше над отпаднатиот Росоман. Прилепчани во 32. минута дојда до водство со гол на Дарко Гроздановски. Шест минути подоцна Росоман преку Стефан Тодоровски израмни на 1:1. Во 81. минута конечно беше скршен отпор на гостите, а Победа имаше ново водство од 2:1 со гол на Андреј Петкоски. Во 87. минута Дарко Анѓелески ги постави конечните 3:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!