ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Брегалница се враќа во Штип, само бод до Прва лига!

Брегалница се враќа на Градскиот стадион во Штип откако претходно поради реновирање на стадионот како домаќин играше во Кочани. Штипските „сини“ утре ќе го пречекат Кожуф и само бод е потребен за влез во Првата македонска фудбалска лига.
Но, штипјани ќе атакуваат по трите бодови и со триумф да го означат враќањето во елитата по три години поминати во Втора лига – Исток.
Боби Величков од Велес ќе биде главен судија на натпреварот кој се игра утре со почеток од 13:00 часот.