ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Брегалница се смести во Дојран, денес тест со Раднички од Сремска Митровица

Брегалница од вчера финалната фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток ја продолжува во Дојран.
Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски во Дојран поведе 24 фудбалери кои максимално рамноправно конкурираат за првиот тим.
Екипата ќе биде со база во комплексот „Истатов“, се до 13. февруари, период низ кој ќе се одиграат уште четири пријателски натпревари. Првиот тест дуел во Дојран е веќе денес со почеток од 13 часот против српскиот тим, Раднички од Сремска Митровица.