ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница се раздели со Антонио Митрев

По завршувањето на сезоната во Втората лига – Исток, Брегалница се раздели и со дефанзивецот Антонио Митрев.

Стручниот штаб на „сините“ одлучи да не ја продолжи соработката со 22-годишниот Митрев заблагодарувајќи му се за досегашниот нескриен придонес во тимот.

„Сакаме да искажеме благодарност за Митрев за максималниот професионализам и целокупниот придонес за успесите на тимот во изминатава сезона. Му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

Претходно, како што е познато, Брегалница се раздели и со Бојан Ѓоргиевски и Тони Мирчевски.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!