ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница ремизираше со Кит Го на првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки

Фудбалерите на Брегалница ремизираа играјќи 1:1 со пехчевски Кит Го на првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Во крајно израмнет дуел кој се одигра на теренот во Бело Брдо во Штип, првото полувреме мина во израмнета игра, во која Додев и Бакрачески имаа убави шанси да ја доведат Брегалница до предност, но не успеаја во тоа. На спротивната страна останаа нереализирани и шансите на Ступиќ и Алексовски кај Кит Го.

Во второто полувреме, противникот дојде до водство од 0-1 со голот на Бошко Ступиќ во 50. минута.

Сепак, во продолжението серија можности на избраниците на Марјан Секуловски кои до ремито дојдоа со голот на Ристе Наумов во 90. минута.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!