ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница против Пелистер ќе бара излез од резултатската криза, дуел покрај езерото за трите бодови

Денес ќе биде комплетирано 22. коло од Првата македонска фудбалска лига. Брегалница на домашен терен ќе бара излез од резултатската криза против „фенерџијата“ Пелистер. Денешниот дуел за штипските „сини“ е идеален излез за прв пролетен триумф за момците на Илчо Ѓорѓиоски. За тренерот на битолчани Марјан Секуловски ова ќе биде враќање на теренот во Штип, бидејќи претходно ја водеше Брегалница до крајот на есенската полусезона.

Покрај езерото дуел за трите бодови – Струга Трим Лум ќе ги пречека разиграните „лавовите“ кои нанижаа пет последовалните бодови и сега целат кон третото место и со тоа обезбедување на „виза“ за Европа.

Во Тетово ќе се одигра дерби меѓу Ренова и Шкупи каде трите бодови ќе бидат императив за двете екипи. Триумф за „гипсарите“ ќе значи многу во мисијата наречена Европа, додека пак триумф за лидерот од Чаир ќе биде чекор напред кон титула во домашниот шампионат.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Работнички на домашен терен ќе биде исправен пред сериозен испит – само триумф би било најповелен исход за „романтичарите“ против Шкендија која ќе брка три бодови на Националната арена со цел да продолжи да го следи чекорот на лидерот Шкупи. Работнички има само седум бодови повеќе од Тиквеш кој со триумфот над Скопје во саботата се искачи на деветата позиција и сега ќе го напаѓа токму Работнички кој е осми.

Во Струмица ќе се соочат Академија Пандев и Борец во меч каде „пандевци“ ќе бидат големи фаворити за трите бодови. Велешани во пролетниот дел собраа само еден бод и со тоа остануваат „заковани“ во зоната за директно испаѓање. За Академија Пандев трите бодови се повеќе од потребни со цел да не го загрозат третото место.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!