ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница потпиша петгодишен договор со талентот Љупче Кудев

Продолжувајќи со цврстата определба за постојана промоција на младите талентирани фудбалери како иден темел на екипата, ФК Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Љупче Кудев.

Брегалница и 17-годишниот Кудев, кој е и младински репрезентативец на Македонија, потпишаа договор за петгодишна соработка.

„Согласно принципите за постојана промоција на младите фудбалери секако задоволство е потпишаниот договор со една од нашите најголеми надежи, Љупче Кудев. Брегалница останува одлучна паралелно со добро познатите амбиции за резултатска успешност, максимално да остане посветена и на изградбата на иднината на клубот преку поддршка на сопствените производи“ – истакна извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев, по потпишувањето на договорот со Кудев.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!