ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница подобра од Осогово на тестот во Кочани

Осогово загуби на првиот контролен натпревар на домашен терен од штипска Брегалница со 1:2.

Избраниците на Марјан Секуловски беа подобар протиник во првиот дел, а Кудијан беше двоен стрелец за Брегалница во 23. и 34. минута од натпреварот. Во вториот дел, двете екипи направија промени во составите, по што Осогово одигра подобро полувреме. Недановски во 72. минута беше стрелец на голот за кочанскиот второлигаш.

Кај Брегалница шанси за погодоци на натпреварот имаа и Кудев, Дујовски и Наумов, но се остана на двата погодоци на Кудијан. Осогово имаше убави шанси уште во првото полувреме преку Велинов, Неданоски и Паунов но, на крајот, без реализација.

Осогово има релативно нова одбрана и токму тука Брегалница искористи простор за да го казне противникот. Но, од кочанскиот клуб се задоволни од прикажаната игра, сепак се работи за подготвителен натпревар, каде резултатот не е во прв план.

Следен контролен натпревар за Осогово ќе биде против Кит Го во Штип, додека Брегалница ќе се тестира со Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!