ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница подобра од Беласица во Струмица, на прославата на 100-годишнината од формирањето на ФК Беласица

Фудбалерите на Брегалница триумфираа со 1-2 на гостувањето против Беласица на пријателскиот натпревар во рамките на јубилејот „100 години Беласица“ кој за „сините“ беше и генералка пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во интересен дуел на крајот Брегалница сосема заслужено триумфираше на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, иако Беласица поведе со ефектниот гол на Даниел Радојчиќ уште во 4. минута од натпреварот.

Но, потоа Брегалница низ далеку поофанзивна игра, во 23. минута дојде до израмнување по одличната акција почната од Ѓокиќ до Ѓорѓиев кој прецизно пред голот на Беласица го проигра Додев на кого не му беше тешко од 5-6 метри да погоди за 1-1.

Второто полувреме повторно беше со тотална иницијатива на избраниците на Илчо Ѓорѓиоски. Ѓорѓиев во 67. минута пропушти 100% можност, но истата не ја пропушти Марселин Галдо Биала, фудбалер кој е на проба во редовите на „сините“, а кој во 73. минута постигна убав погодок со шут од 25 метри за водство од 1-2.

До крајот нашиот тим имаше уште неколку шанси и за поубедлива победа, но резултатот остана непроменет.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!