ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница означи старт на зимските подготовки

Фудбалерите на Брегалница го означија стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Откако во текот на вчерашниот ден беа завршени медицинските тестови, денеска „сините“ го означија првиот собир со старт и на тренинзите од зимскиот подготвителен период.

Согласно планот и програмата на стручниот штаб, екипата до 15. јануари ќе работи во Штип а потоа од 16. јануари до 30. јануари ќе бидат реализирани централните подготовки во турскиот туристички центар Анталија.

Стартот на подготовките Брегалница го означи со пет нови имиња во своите редови. По позајмицата назад во тимот се враќаат Љупче Кудев и Анџело Николовски, а од редовите на Кит Го се приклучија и Давид Бошевски, Кире Трпчевски и Зоран Андонов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!