ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница од утре ги пушта во продажба сезонските билети

Фудбалскиот клуб Брегалница од утре ги пушта во продажба сезонските билети за натпреварите на нашиот клуб во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2021/22.

Билетите, по цена од 1500 денари, ќе важат за сите првенствени натпревари како и сите натпревари од Купот на Македонија на “сините” на домашен терен за сезоната 2021/22.

Продажбата на сезонските билети ќе биде на следните локации:
– маркет Супер Кит-Го (Туш) и
– маркет Кит-Го (Сењак).

НАПОМЕНА: Сите заинтересирани  за купување сезонски билети да го земат во предвид и фактот дека за маркетите Кит-Го недела е неработен ден.

Сезонските билети ќе важат уште за првото првенствено коло од ПМФЛ и натпреварот против Шкупи в недела (8.август) со почеток од 17:30 часот. Поради се уште актуелните Ковид-19 протоколи и ограничувањето за исполнување на само 30% од капацитетот на Градскиот стадион во Штип предност ќе имаат имателите на сезонски билети.

Во случај на прекин на првенствените дуели поради Ковид-мерки за здравствена заштита или пак забрана за присуство на навивачи, паричните средства ќе бидат вратени на имателите на сезонски билети.

За сите кои од утре ќе набават сезонски билети за натпреварите на ФК Брегалница, клубот обезбеди и подароци брендирани со обележјата и амблемот на “сините”.

СИТЕ НЕОПХОДНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ КУПУВАЊЕ НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ МОЖЕ ДА ГИ ДОБИЕТЕ И ПРЕКУ ОБРАЌАЊЕ НА СЛЕДНИОТ Е-МЕИЛ: [email protected]

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!