Брегалница конечно се враќа дома: Теренот во Штип е подготвен за дуелот со Шкендија

Брегалница конечно се враќа дома откако на претходните две кола како домаќин играше во Скопје (против Ренова) и Прилеп (против Работнички) поради неопходна итна санација на теренот на Градскиот стадион во Штип.
Санацијата и корекцијата на тревнатата подлога на стадионот во Штип беше неопходна поради пропустите при поставувањето на теренот пред пет години.
Сега конечно Градскиот стадион добива убава зелена тревна подлага со што мечот од 28. коло на Првата фудбалска лига против Шкендија штипските „сини“ ќе го играат на Градскиот стадион во Штип и пред својата публика.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
По три натпревари ќе се одиграат во сабота и недела. В сабота ќе играат Македонија ЃП против Работнички, Пелистер против Шкупи и Борец против Струга Трим Лум, додека пак во недела ќе се соочат Брегалница со Шкендија, Ренова со Академија Пандев и Скопје со Тиквеш. Сите натпревари ќе стартуваат во ист термин – 16:00 часот.