ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница ја прекина соработката со тренерот Ѓорѓиоски и спортскиот директор Тонев

Штипскиот прволигаш Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.

Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на Брегалница се одлучи да ги прифати.

„Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, велат од штипскиот прволигаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!