ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница го одложи стартот на летните подготовки, Илчо Ѓорѓиоски не е повеќе тренер на „сините“ !?

Брегалница вчера не ги започна летните подготовки за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, како што беше првично најавено, причините за одлагањето на стартот не се познати, но како што објавуваат локалните медиуми од Штип, Илчо Ѓорѓиоски не е повеќе тренер на Брегалница.

Како што пишува „Штипски Асови“, Брегалница подготовките треба да ги започна утре. Се отвара прашањето, доколку тренерското столче во Брегалница е испразнето, кој ќе го пополни ?

Колку за потсетување по завршувањето на сезоната и заменик тренерот Александар Танчевски си замина од Брегалница, поради ангажман во Шпанија. Во Брегалница остануваат Добринко Илиевски и Лазар Илиев.

Брегалница досега го промовираше само Ѓорѓи Ѓорѓиев од Борец како летно засилување за новата сезона од ПМФЛ. Штипските „сини“ минатата сезона заврши на седмото место на табелата со 45 освоени бодови.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Ѓорѓиоски на клупата на Брегалница седеше само шест месеци, наследувајќи го Марјан Секуловски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!