ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Брегалница го доби дербито со Малеш и стана есенски шампион, Карбинци со победа над Василево

Големото третолигашко дерби на Истокот меѓу Брегалница и Малеш заврши со победа од 2:0 за екипата од Делчево, која стана есенскиот шампион во Третата лига – Исток.

Одлично дерби во кое домаќините одиграа подобро и дојдоа до посакуваните три бодови. Брегалница прва го отвори резултатот пред крајот на првиот дел, а стрелец на погодокот беше Марковски Влатко. Во вториот дел поради два жолти картони беше исклучен Бојчовски со што Малеш остана без играч помалку, а тоа добро го искористи Брегалница за да наметне темпо и да ја диктира игра и во 86. минута преку „џокерот“ Гоцевски зголеми на 2:0.

Во последните минути од натпреварот гостите од Берово останаа без уште двајца играчи. Исклучен од игра поради два жолти беше Коковиќ во 87. минута, а една минута подоцна Пачарски заработи црвен картон поради груба игра.

Тиверија го одигра најдобриот натпревар во тековната сезона и конечно им се врати на победите, откако на домашениот терен во Струмица славеше со 6:3 над очајниот Работник од Лозово.

Хоризонт Турново на „Кукуш“ без многу проблеми дојде до нова сезонска победа, откако со 2:0 беше подобар противник од Чешиново.

Овче Поле на Градскиот стадион во Свети Николе одигра одличен натпревар и запиша победа од 2:0 над Спартмани. Домаќините го имаа расположениот Трајче Илиев кој два пати ја погоди противничката Мрежа. Првиот гол беше постигнат во 40. минута од натпреварот, додека вториот во 89. минута.

Детонит го доби градското дерби во Радовиш со екипата на Раклиш и славеше со 3:1. Екипата на Детонит важеше за голем фаворит на мечот, а фаворитската улога беше оправдата со сигурна и голема победа. Резултот беше отвoрено уште во 2. минута од мечот кога Андонов ја затресе мрежата на Раклиш за 1:0. Одличната игра на домаќините продолжи и веќе во 16. минута зголемија на 2:0 преку Спасов.

Во вториот дел Детонит играше одлично и лесно се справуваше со противникот. Во 86. минута Јашаров погоди за 3:0. Три минути подоцна Митев погоди за Раклиш и намали на конечните 3:1.

Карбинци го одигра можеби најдобриот натпревар и запиша голема победа од 4:3 над Василево. Домаќините беа подобар противник и имаа водство од 3:0 до 9. минута. Младиот Демиров погоди за 1:0, а двоен стрелец беше Ташов. Одличната игра продолжи и веќе во 14. минута Карбинци водеше со 4:0, а овој пат стрелец беше Динев.

Гостите од Василево брзо се разбудија и веќе во 20. минута преку Ѓоргиев намалија на 4:1, а во 40. минута погоди Ѓоргиев за 4:2. Во вториот дел голем притисок правеше Василево со цел да дојде до поволен резултат против разиграниот Карбинци. Во 59. минута Милошовски Јордан погоди за 4:3. До крајот на мечот мрежите мируваа и на двете страни.

Есенскиот шампион Брегалница со 28 бодови е на врвот на табелата, два помалку има второпласираниот Детонит, додека на третото место е Овче Поле од Свети Николе со 24 бодови, Малеш сега е четврти со 22 бодови, колку што има и петопласираниот Хоризонт Турново.

На дното од табелата останува Василево со 3 бодови, а еден повеќе има Работник кој е претпоследен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!