ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Брегалница гледа кон Прва лига, Тиквеш се спрема за бараж, неизвесна борба за опстанок во Втора лига – Исток

На четири кола до крајот од шампионатот во Втората лига – Исток екипата на Брегалница е сигурна на патот кон Првата лига, па штипските „сини“ есента ќе биде дел од елитата. Тиквеш пополека се спрема за баражот преку кој ќе добие шанса за влез во ПМФЛ.

Кит Го со одличните игри се зацврсти на третата позиција, додека неизвесност ќе има околу четвртата позиција, а битка ќе водат Кожуф, Саса и Осогово.

Неизвесна битка за опстанокот ќе има меѓу Слога, Победа и Плачковица, освен Росоман кој се помири со тоа дека следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Да се потсетиме дека 9 и 10 место директно исппаѓаат од Втората лига во една од Третите лиги каде територијално припаѓаат, додека екипите пласирани на седмо и осмо место на табелата редоследно испаѓаат во зависност од теритојалната припадност на екипите кои испаѓаат од Првата лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!