Брегалница е на бод до враќање во Првата лига! Штипските „сини“ најубедливи во двете Втори лиги!

Фудбалерите на Брегалница се само на еден бод од обезбедување на шампионската круна во Втората лига – Исток и пласман во прволигашката конкуренција, откако во 24. коло славеа нова победа во првенство, овој пат од 0:2 на гостувањето против Осогово во Кочани.
Штипските „сини“ по три години поминати во Втората лига – Исток од следната сезона се враќаат во Првата лига откако минатата година беше прекинато првенството, па Беласица која моментално беше лидер на табелата си обезбеди прволигашки статус со што Брегалница извиси, но сега дојде време штипјани да се вратат во елитата.
Брегалница е најубедлива во двете Втори лиги, уште од самиот старт имаше единствена цел за враќање во елитата, а како што претходно објавивме, Брегалница е единствена непоразена екипа од сите во Првата лига и двете Втори лиги, што уште еднаш покажува дека местото на „сините“ е во ПМФЛ.
Тиквеш го обезбеди второто место и ќе игра бараж за влез во Првата лига.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ