ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница денеска специјален гостин на прославата на јубилејот „100 години Пирин Благоевград“

Брегалница денеска е гостин во Благоевград на прославата на одбележувањето на „100-годишнината“ од формирањето на бугарскиот прволигаш Пирин Благоевград.

„Сините“ добија покана да бидат гости на Пирин кој својот јубилеј ќе го прослави со пријателски натпревар со Брегалница кој ќе се одигра денеска (24. септември) со почеток од 15 часот по македонско време на стадионот „Христо Ботев“ во Благоевград.

Натпреварот е, меѓу другото, уште една можност за шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски за проверка и на играчите кои се со помала минутажа низ првенствените дуели, но и одржување на натпреварувачкиот ритам на составот во паузата поради активностите на националните репрезентации.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!