ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Брегалница денес на прв тест против Борец во Пехчево

По почетните подготовки за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, „сините“ денеска ќе го имаат и првиот контролен натпревар низ летниот подготвителен период.

Избраниците на Марјан Секуловски денеска од 16 часот на стадионот во Пехчево, каде тимот во моментов ги реализира своите подготовки, ќе се сретне на тест дуел со прволигашот Борец од Велес.

Согласно планот и програмата на стручниот штаб, тимот на 10. јули се сели во српскиот туристички центар Златибор каде ќе бидат реализирани централните техничко-тактички подготовки. 

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!