ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Бразилецот Да Силва е најново засилување за Македонија ЃП

Пред самиот старт на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Македонија Ѓорче Петров денес го претстави најново засилување кое пристига во Ѓорче.

Станува збор за Бразилецот Матеус Соарес Да Силва. Македонскиот прволигаш за тековната сезона ангажира второ интернационално засилување, откако претходно „лавовите“ го претставија Абу Камара, напаѓач од Либерија.

Новиот „лав“ има 28 години и и доаѓа од ангислиот нисколигаш Вајтхок, а потекнува од школата на Гуаруја.

Македонија ЃП новата сезона од ПМФЛ ја отвара утре со почеток од 17:30 часот против Пелистер на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!