Европски ФудбалФудбал

Бразилец е замената на Роналдо во Јувентус

Манчестер Јунајтед го посакува, но многумина го преселија Кристијано Роналдо во Пари Сен Жермен. Можеби сето тоа е предвремено, бидејќи Португалецот има важечки договор со Јувентус до летото следната година. Од друга страна, никогаш не се знае, можеби ќе дојде до разделба.

Според светските медиуми, тренерот Масимилијано Алегри нема ништо против Роналдо да го напушти Торино ова лето бидејќи повеќе им верува на Пауло Дибала и Алваро Мората. Ова е прилично добар показател за состојбата во таборот на „старата дама“. Се чини дека како неговите автомобили, Роналдо ќе ги спакува куферите и ќе тргне во друга насока.

Иако Роналдо сè уште не заминал, за него веќе се подготвува замена во Торино. Како што пишува „Газета дело Спорт“, веќе е познато кој би можел да го заземе местото на одличниот Португалец.

Станува збор за 24-годишниот Бразилецот Габриел Хесус. Манчестер Сити, наводно, не би имал ништо против ако Хесус се пресели во Јувентус, иако позајмицата со право на откуп е поизвесна опција.

Хесус не му се наметна на Пеп Гвардиола. Тој постигна девет гола на 29 натпревари во Премиер лигата. Повеќе се очекуваше од него. Можеби ќе биде подобар во Торино.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!