ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Братство Житоше се засилува со неколку фудбалери, утврдени и контролните натпревари

Новиот второлигаш Братство од Житоше интензивно се подготвува за историскиот настап во Втората лига – Исток. Клубот од Житоше веќе ги утврди контролните натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона.

Првата контролка се игра на 17 јули против Победа, потоа следува тест со Воска Спорт од Охрид закажан за 22 јули. Третата контролка ќе биде против Кораб од Дебар на 30 јули, потоа контролен натпревар со третолигашот Црно Буки (датумот дополнително ќе биде утврден) и „генералка“ против Беса од Добри Дол.

Екипата од минатата сезона е сочувана и истата е засилена како што дознава Спортска Мрежа со неколку играчи од Прилеп, Скопје, Битола и Крушево. Во моментот во клубот пристигнаа девет играчи кои се на проба. Имињата на новите засилувања ќе бидат објавени во текот на следните денови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!