Братство Житоше го промовираше Ахмет Реџепи како најново засилување

Второлигашот Братство од Житоше, кој во пролетниот дел од Втората лига – Исток ќе се бори за опстанок, вечерва го промовираше Ахмет Реџепи како најново засилување.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<
20-годишникот игра на штоперската позиција, а во Житоше доаѓа од редовите на Беса од Добри Дол. Потекнува од Металург, преку Њу Старс стигна до младинските категории на Шкупи. Реџепи е десеттото засилување за Братство.
Спортска Мрежа дознава дека утре Братство ќе претстави уште едно големо засилување – се работи за лев бек кој доаѓа од редовите на тетовски Тетекс.
Пролетната полусезона од Втора лига ќе започне викендот, а Братство Житоше ќе игра големо дерби со прилепска Победа. Меч кој ќе привлече огромно внимание кај љубителите на фудбалот и фановите на двете екипи кои имаат различна цел. Братство се бори за опстанок – бодовите се повеќе од потребни, па од друга страна Победа се бори за конечно враќање во Прва лига – бодовите и тука се повеќе од потребни, па тоа ќе го направи натпреварот да биде возбудлив и неизвесен до самиот финиш.