ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Братство од Житоше утре на тест против Победа, договорени неколку засилувања

Новиот второлигаш Братство од Житоше утре го игра првиот контролен натпревар против прилепска Победа на Могила, со што ги започнува пријателските натпревари во рамки на подготовките за новата сезона од Втората лига – Исток.

Во моментот во екипата на Братство има 10 играчи кои се на проба, а после тестот со Победа 5 до 7 играчи ќе бидат претставени како нови засилувања за второлигашот од Житоше.

На 22 јули е предвиден уште еден тест за Братство против екипата на Воска Спорт од Охрид. Потоа следуваат тестови и со Кораб од Дебар, Црно Буки, како и „генералка“ против Беса од Добри Дол.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!