ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Братство ја „тресна“ непоразената Саса, Слога го доби Кожуф, Победа славеше над Детонит

Денес на „Могила“ се случи големото изненадување – последнопласираниот Братство ја совлада дотогаш непоразената Каменица Саса со 2:1 за прв историски триумф во новата сезона. Во рамки на 8. коло Братство конечно го пронајде патот до победа и тоа токму против Саса, па со тоа се зголемуваат шансите за екипата од Житоше да се надева на опстанок. Еркан Шаип во 57. минута го отвори резултатот за водство на домаќинот од 1:0, а по осум минути игра Митар Соколовски израмни на 1:1. Во самиот финиш од натпреварот Емир Мустафа ги постави конечните 2:1.

Победа на домашен терен славеше со минимални 1:0 против Детонит од Радовиш. Стрелец на единствениот гол за прилепчани беше капитенот Дарко Анѓелески кој стрелаше во 63. минута.

Победничка фотографија на Слога

Слога на домашен терен со 2:1 го доби Кожуф од Гевгелија и сега заедно со Победа ја делат првата позиција на табелата со по 19 освоени бодови. По само четири минути игра капитенот Иван Митров ја затресе мрежата на Картов за водстов од 1:0 на виничани. Само три минути подоцна голманот на Кожуф, Борче Картов си постигна автогол, па водството на Слога се дуплираше на 2:0. Во вториот дел Томица Петров ги постави конечните 2:1.

Слога – Кожуф

Беласица ја оправдата фаворитската улога и со 0:2 славеше над Локомотива во Градско. Струмичани конечно се вратија на победите и се обидуваат да фатат приклулок со водечките екипите од Прилеп и Виница. Резултат беше отворен со гол на Васко Глигоров во 54. минута, а дваесет минути подоцна Глигоров со втор гол ги постави конечните 0:2.

Осогово – Кит Го

Осогово на домашен терен беше убедливо поразен од Кит Го со високи 0:3. Првиот гол на Градскиот стадион во Кочани падна во финишот на првиот дел, а стрелец беше Зоран Андонов. Во вториот дел Андонов со втор гол зголеми на 0:2 во 68. минута, а две минути подоцна Дарко Спировски си постигна автогол за конечните 0:3.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!