ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Братство го „среди“ Обршани, лидерот Црнилиште и Превалец со големи порази, Колевски во финишот ја расплака Локомотива, Вардар Неготино со убедлива победа

Денешното 17. вонредно коло донесе и неколку изненадувања, два големи фаворити се „лизнаа“ и не ја оправдаа улогата на фаворит.

Лидерот на табелата Ново Црнилиште со убедливи 3:0 беше поразен од Големо Коњари и преставува најголемо изненадување на колото. Во првите 45. минута мрежите и на двете страни мируваа. Во вториот дел домашната екипа со притисок кон противникот во 68. минута со гол на Бунтески Христијан дојде до водство од 1:0. По само две минути игра Мирчески Зоран ја погоди противничката мрежа и резултатот веќе беше 2:0. Касниоски Николче во 84. минута погоди за конечни 3:0 и значајна победа за Големо Коњари кој води борба за опстанок.

Екипата на Големо Коњари после победа над лидерот Ново Црнилиште

Братство 07 го „среди“ и Обршани и со новите три бодови се наближува кон првото место на табелата. Гостинот кој имаше блага фаворитска улога со гол на Мустафоски Наим дојде прв до водство во 17. минута. Пред самиот крај на првиот дел Димоски Антонио погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел, во 53. минута беше досуден пенал за Братство 07, а одговорноста ја презеде Еминоски Темур кој ја погоди противничката мрежа за ново водство од 1:2. Пред крајот на натпреварот нововлезениот Имероски Онур постигна гол за конечни 1:3 и голема победа за екипата на Братство 07.

Локомотива Градско на домашен терен загуби од екипата на Дојранско Езеро со 1:2 и ги разочара фановите кои се надеваа на сигурна победа и три бодови. Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни, па вториот дел беше доста неизвесен. Први до водство дојдоа гостите до Дојран со гол постигнат од пенал во 66. минута, а успешно реализираше Ајцев Јован. Во 82. минута Локомотива со гол на Нацев Дарко дојде до 1:1. Кога сите мислеа дека бодовите ќе бидат поделени, Колевски Кристијан постигна убав гол за конечни 1:2 и големи три бодови за Дојранско Езеро.

Тренерската промена кај Вардар Неготино донесе промени, екипата на Градскиот стадион во Неготино запиша убедлива победа над Младост 1930 од Кривогаштани од високи 4:0. Домаќинот постигна три гола за 5. минута што го отпиша гостинот од Кривогаштани. Првиот гол го постигна Најдов Петар во 30. минута, две минута подоцна Митрев Дане постигна гол за 2:0, а во 35. минута Шишков Ѓорѓи стрелаше за 3:0 на полувреме. Во вториот дел нововлезениот Соколов Горан во 63. минута ги пстави конечните 4:0.

Илинден БС на домашен терен дојде до бод, откако на домашен терен ремизираше играјќи 1:1 со Динамо. Резултатот беше отворен во 12. минута за водство на домаќините од 1:0 со гол на Нанев Владимир. Во 35. минута гостите преку пенал израмнија на 1:1, а успешно реализираше Наумоски Кире. Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од 35. минута стана конечен.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Марена на домашен терен со 3:1 го шокираше големиот фаворит Превалец. Домашната екипа уште во 3. минута дојде до водство од 1:0 со гол на Михов Борис. Во 16. минута Велјанов Александар постигна гол за 2:0. Во 37. минута Митров Дејан од пенал постигна гол за 3:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Кочов Сашко ги постави конечните 3:1.

Питу Гули на домашен терен дојде до голема победа и три бодови, откако славеше со високи 3:0 над Младост од Удово. Домаќинот пред крајот на првиот дел од натпреварот со гол на Волчески Соте дојде до водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во 57. минута Волчески со втор гол донесе водство за Питу Гули од 2:0. Шест минути подоцна Бубаќоски Јованчо постигна гол за конечни 3:0.

Лидер на табела останува и понатаму Ново Црнилиште со 37 бодови, два помалку има Локомотива Градско која е втора, додека на делба на третото место се екипите на Превалец и Напредок Крушеани со по 31 бод. Братство со 30 бодови е на петтото место, а Вардар Неготино со 28 бодови е на шесттото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!