Братство домаќин на Големо Коњари, Локомотива гостува во Удово, Вардар Неготино против Динамо

Во недела се играат натпреварите од 18. коло од Третата лига – Југ.
Напредок Крушеани на домашен терен ќе се соочи со екипата на Питу Гули. Домаќинот според формата е голем фаворит на овој натпревар, но гостинот од Крушево после голема победа од 3:0 во минатото коло над Младост Удово е силно мотивиран за уште една победа која ќе го искачи едно место погоре и со тоа да фати приклучок кон средината од табелата и сигурен опстанок.
Локомотива Градско ќе гостува во Удово каде ќе се соочи со екипата на Младост. Двете екипи немаат победи на последните две кола. Локомотива најпрво се „лизна“ кај Превалец играјќи 0:0, а потоа уште еднаш ги разочара фановите со поразот на домашен терен од Дојранско Езеро од 1:2. Младост на последните два натпревари има катастрофална форма, најпрво дома загуби од Напредок со високи 1:4, а потоа во Крушево со 3:0 беше „среден“ од Питу Гули. Натпреварот ќе биде интересен за следење затоа што и двете екипи бараат победа и три бодови, но притисокот ќе биде поголем кај Локомотива, која атакува на прво место и Втора лига – Исток, но и квалитетот е на нивна страна.
Дојранско Езеро на домашен терен ќе игра против Марена. Екипата од Дојран после победата на Локомотива во Градско уште еднаш покажа дека има квалитет, но проблемите со Ковид-19 во есенскиот дел екипата ја втурнаа во проблеми, пред се со играчкиот кадар, а потоа и поради неможноста за играње натпревар, а беше казнета со шест бодови, кои ја спуштија на средината од табелата. Марена влезе во позитивна серија резултати и фати приклучок за влез во првите десет на табелата. Двете екипи имаат ист број на бодови, а евентуална победа може да ги однесе и на седмото место на табелата, токму тоа и ќе понуди неизвесност и голема борба за трите бодови.
Превалец на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијта“ Илиден БС. Очекувано трите бодови се запишуваат кај екипата на Превалец која ќе биде апсолутен фаворитит за победа.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Вардар Неготино ќе гостува кај екипата на Динамо. После поразите на лидерот Ново Црнилиште и Локомотива Градско, екипата од Неготино ги зголемува повторно шансите за прво место, а со тоа и враќање во Втората лига. Вардар во недела ќе важи за фаворит против екипата на Динамо, но домаќинот кој пополека собира бодови за излез од опасната зона ќе се обиде да го „сопне“ Вардар со евентуално реми или победа што за нив ќе значи многу, бидејќи ќе имаат можност да напредуваат дури четири места на табелата и конечно да ја напуштат опасната зона.
Младост 1930 во Кривогаштани ќе ја пречека екипата на Обршани. Двете екипи во претходното коло запишаа големи порази, па во недела ќе гледаме отворен и неизвесен натпревар за три бодови.
Братство 07 на домашен терен ќе игра против Големо Коњари. Домаќинот е влезен во позитивна серија резултати која го однесе на петтото место на табелата и во игра за прво место и Втора лига, па во недела ќе истрча како голем фаворит. Големо Коњари пополека се воигрува и собира бодови за опстанок, па се освен пораз за нив во недела ќе биде позитивен резултат против фаворитот.
Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот, освен натпреварот Динамо – Вардар Неготино кој ќе стартува во 12:00 часот.