ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Братство 07 утре на прв контролен натпревар против Питу Гули

Третолигашите Братство 07 и Питу Гули утре со прв контролен натпревар во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Третата лига – Југ.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 12:00 часот на игралиштето во Лажани.
Братство 07 есенската полусезона ја заврши на седмата позиција и во пролетниот дел ќе влезе со цел за да се искачи на врвот, додека Питу Гули кој заврши на долниот дел од табелата, односно на 13-тото место ќе се бори за повисок пласман во пролетната полусезона.