ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Братство 07 се засили со Шабанов и Имероски

Третолигашот Братство 07 за пролетната полусезона се засили со Насаф Шабанов и Онур Имероски.
Шабанов доаѓа од директниот конкурент Локомотива од Градско, а во својата кариера 21-годишниот крилен напаѓач има настапувано и за Беласица, Превалец, Вардар Неготино и радовишка Плачковица.
21-годишниот Имероски во Братство 07 пристига од екипата на Скопје, а во својата кариера играчот од среден ред има настапувано за прилепска Победа и за Слобода Љубљана од Словенија.
Третолигашот го подига својот квалитет за пролетната полусезона во која ќе води борба за првото место и влез во Втора лига – Исток, што е стартна цел на клубот за тековната сезона.