ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГАФудбал - Четврта Лига

Братство 07 ја наполни мрежата на Влазними Јуниор, третолигашот го „тресна“ амбициозниот четвртолигаш!

Денес во Мало Коњари се одигра контролен натпревар меѓу Братство 07 и Влазними Јуниор, каде третолигашот со 1:6 го „прегази“ и го „тресна“ залетаниот четвртолигаш.

Третолигашот Братство 07 кој важи за фаворит за прво место во Третата лига – Југ и влез во Втората лига – Исток одигра моќен натпревар и покажа квалитет, а со тоа најавува дека ќе води пеколна борба за промоција во второлигашки ранг.

Четвртолигашот Влазними Јуниор којшто се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Прилеп, има амбиции за влез во Трета лига – Југ, но на денешниот контролен претрпе тежок пораз од силниот третолигаш.

Двоен стрелец за Братство 07 беше Еминоски Темур, а останатите погодоци за третолигашот ги постигнаа Шабанов Насаф, Каришиќ Самир, Алиоски Музафер и Мустафоски Наим.

Братство 07 пролетната полусезона од Третата лига – Југ ја отвара на гостински терен кај Марена веќе овој викенд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!