ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Братство 07 го збриша Динамо и изби на третото место во Третата лига – Југ

Фудбалерите на Братство 07 денес го одиграа заостанатиот натпревар од 21. коло од Третата лига – Југ против екипата на Динамо, откако на домашен терен со 5:3 стигнаа до 12-тата сезонска радост. Интересно е тоа што судијата Мишески досуди три пенали на натпреварот.

Резултатот домашните фудбалери го отворија уште во 6. минута од натпреварот со гол на Каришиќ Самир. Во 28. минута од натпреварот судијата покажа на белата точка за гостинската екипа, одговорноста ја презеде Наумоски Кире кој успешно реализираше и израмни на 1:1. По девет минути игра повторно беше досуден пенал овој пат за домашната екипа, а Шабанов Насаф беше успешен реализатор за 2:1. На две минути пред крајот на првито дел Шабанов со втор гол зголеми на 3:1.

На старотот од вториот дел Братство 07 продолжи со доминацијата и веќе во 52. минута резулатот беше 4:1 со трет гол на младиот Шабанов. Десет минути подоцна нововлезениот Бафтироски Леутрим зголеми на 5:1. Во 80. минута од натпреварот беше досуден трет пенал на натпреварот, овој пат за гостинската екипа кој беше втор на натпреварот. Сега одговорноста ја презеде Јосифоски Мартин и успешно реализираше за 5:2. Осум минути подоцна Степаноски Валентин ги постави конечните 5:3.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Братство 07 се проби на третото место на табелата со 40 освоени бодови, седум помалку од лидерот Локомотива, но со шанси за искачување на врвот. Екипата на Динамо е на десетото место со 19 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!