ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Братство 07 броеше до ДЕВЕТ во убедливата победа над Големо Коњари

Братство 07 одигра фантастичен контролен натпревар и запиша убедлива победа од 1:9 над Големо Коњари.
Третолигашот Братство 07 одигра солидна есен и заврши на седмото место на табелата со 10 бода помалку од лидерот Локомотива од Градско и во пролетниот дел ќе се бори за врвот. Големо Коњари во пролетниот дел ќе влезе „ремонтиран“ со неколку засилувања и со новиот тренер Тони Наумовски ќе се бори за сигурен опстанок во третолигашкото друштво.
На првиот контролен натпревар Братство 07 загуби од Питу Гули со резултат од 1:2.
Следен контролен натпревар за Големо Коњари ќе биде против Питу Гули од Крушево.