ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Брајан Каналес од Аргентина е ново засилување за Академија Пандев

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев денес го промовираше Брајан Каналес од Аргентина.
25-годишникот е втор Аргентинец во екиата, а доаѓа како слободен играч. Последен клуб во неговата кариера бил Осорно од Чиле.
Играчот за врска покрај аргентинско има и чилеанско државјанство. Струмичани претхдоно го промовираа Федерико Акоста, исто така од Аргентина, а игра во одбраната.
Во 7. коло Академија Пандев ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.