РакометРакомет - Останато

Божиновски постигна 21 гол – повеќе отколку целиот тим на Кичево, Пролет и Прилеп убедливи, резултати од сите Куп натпревари!

Суперлигашот Бутел обезбеди четврфинале од Купот на Македонија, откако со убедливи 53:18 славеше над прволигашот Кичево.

Бутел Скопје беше апсолутен фаворит, а тоа на терен изгледаше многу моќно и доминантно. Најмногу се истакна младото лево крило – Марко Божиновски кој постигна 21 гол, што е повеќе отколку головите на целиот тим на Кичево.

Пролет со убедлива победа од 38:19 над велешки Борец обезбеди четвртфинале од Купот, додека Прилеп со победа од 31:23 над Аеродром патува во следната фаза.

Струга очекувано ја оправда фаворитската улога, откако со 16:32 славеше над Преспа, а Еурофарм Пелистер 2 со високи 40:19 ја елиминира екипата на Јехона.

Тиквеш со новиот тренер Андоновски оствари убедлива победа од 34:23, Работнички беше пресилен за Риниа со резултат од 14:30, Јуниор Кисела Вода со 32:24 беше далеку подобар од прволигашот Драчево.

Останатите натпревари се играат утре.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!