ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Борова: Презадоволен сум од подготовките, верувам дека Воска Спорт е на вистинскиот пат кон Прва лига

Спортскиот директор на амбициозниот охридски второлигаш Воска Спорт, Артан Борова, зборува во пресрет на пролетната полусезона од Втора лига – Запад. Охриѓани утре со гостувањето кај Кадино ќе го отворат пролетниот дел.

“Како спортски директор на клубот, сум презадоволен од подготвителната фаза и од пријателските натпревари кои ги одигравме. Ние како клуб им дадовме можност и на новите играчи кои ги донесовме за време на зимскиот пазар, вкупно 9 засилувања, кои мислам дека со квалитетите што ги поседуваат ќе го зголемат квалитетот, но и конкуренцијата во нашиот тим. Да не заборавиме да му се заблагодариме на претседателот на клубот, Нефи Усеини, кој буквално не штедеше ништо за ние да стигнеме да ги донесеме планираните засилувања заедно и со тренерот Раде Цицмиловиќ. По сите овие работи, посакувам да имаме просперитет и позитивен настап во нашето патување. Верувам дека сме на вистинскиот пат кон Првата лига, затоа апелирам до симпатизерите на Воска Спорт за максимална поддршка од нивна страна. На Воска Спорт како никогаш досега му е потребна вашата поддршка, дури и на секој натпревар, за конечно заедно да го оствариме сонот на нашиот прекрасен град Охрид, дека во следното издание ќе имаме можност да гледаме елитен фудбал”, рече Борова.

КОТВА.МК ВИ НУДИ МОЖНОСТ ЗА ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ГОСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ, МОЖНОСТ ЗА РАЗВОЈ И ГОСТИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ГОДИНА

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!