ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Борха Кордоба е нов фудбалер на Брегалница

Брегалница го ангажираше и второто засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Колумбиецот со македонски пасош Александер Борха Кордоба.
23-годишниот Кордоба доаѓа од редовите на Ренова, каде настапуваше изминатата сезона, а игра на дефанзивните позиции во тимот.
Кордоба претходно во својата кариера има настапи и за Работнички, Македонија ЃП, Пелистер и Кит Го Пехчево во домашните шампионати.